Во Русија серија анонимни повици за закана од бомба

Илустрација - Полиција во Москва.

Серија анонимни телефонски повици за закана од бомба се пријавени низ цела Русија во последните четири дена, а повици стигнале и во Москва. Извори од московски државни агенции се цитирани како велат дека денеска илјадници луѓе се евакуирани од трговски центри, железнички станици, универзитети и други згради, откако биле пријавени околу 20 повици за закани од бомба.

Истиот ден слични повици предизвикале масовни евакуации од училишта, трговски центри, театри и универзитети во градовите Абакан, Томск, Саратов, Хабаровск, Самара и други. Истрагите во евакуираните згради не откриле бомби или експлозиви во ниту еден од градовите.