Уапсен руски активист кој протестираше пред Државната дума

Рускиот активист Сергеј Удалцов на прес-конференција во Москва.

Рускиот опозициски активист Сергеј Удалцов денеска накратко беше уапсен од московската полиција додека протестираше пред Државнмата дума. Неговата сопруга Анастасија Удалцова на Твитер напиша дека тој бил однесен во полициска станица. Удалцов беше ослободен 90 минути подоцна. Тој на Твитер напиша дека заедно со активистот Алексеј Воронцов биле ослободени по, како што го опиша, „превентивен разговор“ со полицијата.

Удалцов и Воронцов одржаа протест пред Државната дума, барајќи амнестија за затворените во Русија во врска со 100-годишнината од Октомвриската револуција која ги донеше болшевиците на власт во 1917 година.