Тројца астронаути стигнаа на Меѓународната вселенска станица

Руската ракета „Сојуз“

Руската ракета „Сојуз“ со двајца американски астронаути и еден руски космонаут, која беше лансирана од космодромот во Бајконур, Казахстан, по шест часови пристигна на Меѓународната вселенска станица. Планирано е астронаутите да останат во станицата во наредниве пет ипол месеци. Ова е прв пат по 2010 година со руска ракета во орбитата да бидат лансирани и двајца американски астронаути.