ОН испраќа помош за малцинството Рохини во Бурма и во Бангладеш

Припадници на муслиманското малцинството Рохини бегаат во Бангладеш.

Обединетите нации соопштија дека продолжуваат со дотурот на помош во храна за муслиманското малцинството Рохини во Бурма (Мјанмар), како и дека испратиле пратки за бегалците од оваа заедница кои се наоѓаат во соседен Бангладеш.

Светската програма за храна на ОН, соопшти дека во координација со владините сили можат да продолжи со дистрибуција на помош на еден камп во државата Рахине.

Испораката на помош беше во прекин поради загриженост за безбедноста. Во северниот дел на државата, каде условите се полоши, се уште не може да се прати помош, велат официјалните претставници.

ОН соопшти дека започнале голема операција за испраќање помош на 370 илјади припадните на Рохини, кои избегале во Бангладеш, по насилствата во будистичката држава Рахине кои избувнаа на 25 август.