Стотици илјади Каталонци на улиците на Барселона за независност

Стотици илјади луѓе на улиците на Барселона го прославија Националниот ден на Каталонија, 11.09.2017.

Стотици илјади луѓе синоќа на улиците на Барселона го прославија Националниот ден на Каталонија, три недели пред спорниот референдум за незвисност што го забранија властите во Шпанија. Според проценките на полицијата, во Барселона имало околу милион луѓе кои во боите на каталонското знаме ги преполниле улиците на градот. Многумина носеа пароли „Збогум Шпанијо“. За 1 октомври е закажан референдум за самоопределување. Шпанскиот уставен суд го забрани, но каталонските власти најавија дека ќе го одржат и покрај тоа.