Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец. УВ вредноста ќе изнесува 6. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната температура од 24 до 33 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец.