Путин подготвен да распореди мировници во украинската конфликтна зона

Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди својата подготвеност да ја разгледа идејата за распоредување на мировници на ОН во источна Украина, и тоа не само по конфликтната зона што ги одвојува украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Русија, туку и во други области каде што работат набљудувачите на ОБСЕ.

Кремљ соопшти дека Путин телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и притоа ја елаборирал руската иницијатива за формирање мисија на ОН за олеснување на мониторингот на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ .

Портпаролот на германската влада, Штефен Сеиберт рече дека Меркел го поздравила предлогот на Русија за распоредување на мировници на ОН за решавање на украинската криза, но истакна дека предложениот мандат треба да се прошири. На петти септември, Путин повика на распоредување на лесно вооружени мировници за заштита на набљудувачите на ОБСЕ кои го следат конфликтот во источна Украина. Но, тој посочи дека мировниците ќе работат само по линијата на фронтот што ги одвојува украинските владини сили и сепаратистите.