Парламентарни избори во Норвешка

Ерна Солберг

Денеска во Норвешка се одржуваат парламентарни избори кои ќе одредат дали во текот на следните четири години земјата ќе биде управувана од десничарската коалиција во заминување или опозицијата. Анкетите на јавното мислење укажуваат на тесна трка меѓу коалицијата на конзервативната премиерка Ерна Солберг и опозициската Лабуристичка партија, која ја води Џона Стор. Тоа значи дека неколку помали партии би можеле да играат клучна улога како коалициски партнери кои ќе одредат кој ќе ја управува со земјата. Коалицијата составена од Конзервативците на Солберг и Прогресивната партијата за анти имиграција е на власт од 2013 година. Конзервативците и Лабуристите се согласуваат за многу прашања - вклучувајќи го и продолжувањето на експлоатација на нафта во Арктикот, рестриктивната политика за имиграција и блиските врски со Европската унија. Норвешка не е членка на ЕУ.