Брисел ја повика косовската влада да соработува со Белград

Европската Унија го поздрави формирањето на новата влада на Косово и ја повика официјална Приштина веднаш да почне со работа на неопходните реформи во врска со владеењето на правото и економскиот развој како и да се ангажира во процесот на нормализација на односите со Србија. Во соопштението кое го објави портпаролката Мја Коцијанчиќ, се потсетува на обврските кои се однесуваат на односите со Белград и се бара напредок во тој процес.

"Новата Влада би требало да одигра активна улога во регионот и да соработува со Белград за да се осигура квалитетен чекор напред во дијалогот помеѓу Белград и Приштина," се наведува во соопштението.

Исто така се истакнува дека е од суштинско значење новоформираната влада да ја забрза работата околу процесот на визна либерализација при што ефективно ќе напредува во процесот на ратификација на пограничниот договор со Црна Гора.