Меркел: Анкара се повеќе се оддалечува од Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно упати критика до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и напомена дека преговорите за влез на Турција во Европската унија може да бидат прекинати.

“Анкара се повеќе се оддалечува од Европа и нејзините вредности,” изјави таа во интервјуто објавено денеска во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Според Меркел иднината на односите со Анкара ќе се разлгедува на ниво на ЕУ во октомври. Таа ги нарече апсењата на германски државјани во Турција „сериозен и неприфатлив“ чекор од страна на Анкара. Односите меѓу Германија и Турција се влошија под влијание на повеќе фактори, меѓу кои и апсењата на германски државјани од страна на турските власта. Станува збор за новинарот од весникот „Велт“, Дениз Јуџел, преведувачката Мешале Току и активистот Петер Шојтнер.Според податоци на германското Министерство за надворешни работи некои од уапсените се осомничени за поддршка на тероризмот и учество во обидот за државен преврат минатата година.