СДСМ задоволен од првите сто дена влада, ВМРО-ДПМНЕ разочарана

СДСМ оценува дека во првите сто дена од мандатот на Владата спроведени се мерки со кои се унапредува социјалната заштита и се подобрува животот на сите категории на граѓани. Притоа се посочува дека двапати годишно ќе има усогласување на пензиите, според трошоците за живот и растот на платите, како и дека се решава проблемот со стечајните работници со тоа што окоСлу 3.000 лица од оваа категорија ќе добиваат по 7.596 денари месечно.Од СДМ истакнуваат дека преку предвидените измени на Законот за социјална заштита ќе се овозможи и подобрување на правата од социјалната заштита на лицата со попреченост.

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на горенаведеното наведува дека во изминатите 100 дена ништо не е направено за граѓаните, освен што државата, како што се вели, е на работ на економски колапс.

“Нема пари ниту за планираното покачување на пензиите, ниту за покачување на просечната плата на 30.000 денари, ниту пак за плата на докторите од 100.000 денари,” се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека со парите со кои Владата ја задолжила државата можеле да се изградат 2.500 градинки, а оти досега не е изградена ниту една.