Најмалку десет мртви во сообраќајна несреќа во Пакистан

Најмалку 10 лица загинале, а 14 се повредени кога комбе со патници се судрило со приколка во јужната провинција Панџаб во Пакистан. Полицијата соопшти дека несреќата била предизвикана од возачот на комбето, кој ја загубил контролата и се судрил со приколката во близина на градот Лајај. Властите соопштија дека 10-те лица што биле убиенисе патници во комбето и сите биле членови на истото семејство. Полицијата соопшти дека патувале за да присуствуваат на свадбена веселба. Локалната полиција соопшти дека загинале три жени, двајца мажи, пет девојчиња и едно момче. Меѓу повредените се и осум деца. Тие биле однесени во болницата Ништар во Мултан и задржани на лекување.