Избори за гувернери и локални совети во Русија

Во Русија денеска се одржуваат избори залокални и регионални совети и гувернери во последното главно гласање пред претседателските избори во март. Голем дел од вниманието е фокусирано на општинско гласање во главниот град, Москва каде што кандидатите на опозицијата се надеваат на силна поддршка, но ги обвинија властите дека се обидуваат да го обесхрабрат одѕивот на гласачите. Градските власти ги отфрлија овие наводи. Гласачите гласаат за локалните законодавни тела во шестрегиони каде што се очекува дека во советите, познати како думи, ќе продолжат да доминираат сојузниците на партијата Обединета Русија на Владимир Путин: Северна Осетија, Удмуртија, Краснодарски краи, Пензенска област, Саратовска област и Сахалин област. Директни избори за гувернери се одржуваат во 16 од 83 региони на Русија. Пред изборите се појавија жалби од потенцијалните кандидати кои рекоа дека биле неправедно исклучени од гласачкото ливче. Вториот круг на гласање е закажан за 24 септември на места каде што ниту еден кандидат нема да освои мнозинство.