Голем интерес во Америка за организација на СП во 2026 година

Огромен интерес владее на американскиот континент за организирање на натпревари од фудбалскиот Мундијал во 2026 година. Вкупно 41 град од Северна Америка се подготвени да бидат домаќини на учесниците на Светското првенство. Меѓу нив се и Њујорк, Мексико Сити и Монтреал. Кандидатурата за организација на СП во ФИФА има пристигнато од САД, Канада и Мексико. Мундијалот во 2026 би можел да биде прв со три земји домаќини.Од Африка, кандидатура има поднесено Мароко, земја подготвенада ги прифати 48-те учеснички. Домаќинот на СП 2026 ќе биде објавен на конгресот на ФИФА во јуни следната година. За овој Мундијал не смеат да конкурираат земји од Европа и Азија, бидејќи СП 2018 ќе се игра во Русија, а четири години подоцна во Катар.