Најмалку 8 жртви од ураганот Ирма на островот Сент Мартин

Оштетени возила и јахти од ураганот Ирма на островот Сент Мартин

Најмалку десет луѓе загинале од урганот Ирма кој ги погоди островите на Карибите. Францускиот министер за вантрешни работи Жерард Коломб изјави денеска дека осум од жртвите загинале на островот Сент Мартин при што бројката ќе расте. Се работи за огромна катастрофа, при што 95 проценти од островот се уништени, истакна тој.

Премиерот на Антигва и Барбуда, Гастон Броун изјави дека повеќе од половина или 1400 жители на островот Барбуда останале без своите домови. Ураганот Ирма денеска се упати накај Хаити и Доминиканската Република, а од него стравува и Флорида. Метеоролозите го опишаа ураганот како потенцијална катастрофа од највисока петта категорија.