Времето денеска- свежо утро, потоа потопло

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со свежо утро и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се движи од два до 13, а дневната ќе биде од 20 до 30 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

В петок ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд се очекуваат в сабота.