Министерски состанок на земјите од ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи на РМ Никола Димитров

Денеска во Блед, Словенија ќе биде одржан неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Процесот на соработка во југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како и на Бледскиот стратегиски форум. На состанокот се очекува Словенија да ги презентира приоритетите на нејзиното претседавање со ПСЈИЕ под мотото „SEE4FUTURE", како и да бидат разменети мислења за годишната агенда на претседавањето.

На собирот ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој ќе има обраќање на тема „Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ“. Предвидено е тој да има и повеќе билатерални средби.