Претседателот Иванов на економски форум во Полска

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Полска, по повод учеството на 27-от Економски форум, што ќе се одржи во Крињица – Здруј. Како што соопшти кабинетот на претседателот, Иванов ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на Економскиот форум, на тема „Незавршена интеграција – аспирации на европските земји“, на која ќе говорат и полскиот претседател Анджеј Дуда и претседателот на Грузија, Гиорги Маргвелашвили.

Главна тема на годинашниот економски форум е „Проект Европа – кој е рецептот за следната деценија?“.

За време на престојот во Полска, предвидено е претседателот Иванов да има билатерална средба со неговиот полски колега Дуда.