Германија ќе бара прекинување на преговорите за членство на Турција во ЕУ

Турското и германското знаме

Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт изјави денеска дека прашањето за прекинување на преговорите за членство на Турција во Европската унија, може да биде ставено на дневен ред на наредниот самит. Според него, доколку во октомври има заседание на ЕУ, посветено на темата тогаш германската канцеларка Ангела Меркел ќе зборува со нејзините колеги дали треба да бидат прекинати преговорите.

Зајберт порача и дека Турција во моментот не е подготвена да се присоедини кон ЕУ. Меркел претходно изјави дека Турција не треба да стане членка на Унијата.