Во Чеченија протести за поддршка на муслиманите од Бурма

Протестите во Грозни за поддршка на муслиманите од Бурма

Илјадници луѓе протестираа во главниот град на Чеченија во знак на поддршка за муслиманското малцинство во Бурма. На протестите пред централната џамија во Грозни присуствуваше и лидерот на земјата Рамзан Кадиров како и други владини претставници.

За време на протестот, кој беше пренесуван во живо на националната телевизија демонстрантите цитираа текст од куранот и ги повикаа муслиманите да се обединат. Тие извикуваа и Алах Акбар (Господ е голем) и држеа транспаренти со слики од припадници на муслимаското малцинство од Бурма првеземени од интернет. Околу 73 000 муслимани ја напуштија Бурма бегајќи од насилствата и влегоа во соседниот Бангладеш, соопшти агенцијата за бегалци на Обединетите нации.