Заев на работен ручек со израелскиот премиер Нетанјаху

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, кој е во официјална посета на Израел, денеска ќе има работен ручек со неговиот колега, Бенјамин Нетанјаху. Заев кој во земјата е на покана од Нетанјаху, е придружуван и од владина и бизнис делегација. Владината прес-служба соопшти дека Заев ќе оствари средба и со лидерот на опозицијата Исак Херцог.

За време на посетата, одделни средби со своите колеги од Израел, ќе имаат и министрите за внатрешни работи, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во текот на вчерашниот ден, Заев имаше средба со израелскиот претседател Руевен Ривлин.