Поранешен советски разузнавач,сега лобист во САД, негира дека бил шпион

Архивска фотографија-Ринат Ахметшин, 07.07.2016

Поранешен советски воен офицер и лобист во Вашингтон, кој бил на состанок со синот на американскиот претседател Доналд Трамп за време на кампањата во 2016 година, негира дека работи за руското воено разузнавање, но рече дека видел документи со информации за тогашниот политички опонент на Трамп, Хилари Клинтон. Во интервју за Фајненшл Тајмс објавено на први септември, Ринат Ахметшин вели дека никогаш не бил доволно добар да работи во ГРУ (руската воена разузнавачка агенција), но признава дека работел за други советски разузавначки агенции во доцните осумдесети години.

Ахметшин, кој емигрирал во САД пред 23 години,а сега е добро познат лобист за руските прашања во Вашингтон, вели дека во јуни 2016 година се сретнал со Доналд Трамп помладиот и видел документи обезбедени за Трамп од руската адвокатка Наталија Веселнитскаја кои содржеле информации кои можеле да и наштетат на Хилари Клинтон.