САД ќе испратат дополнителни трупи во Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис изјави дека ги потпишал наредбите за испраќање дополнителни војници во Авганистан, како дел од новата стратегија на Доналд Трамп за борба против 16-годишната војна против Талибанците и други бунтовници. Матис изјави дека новите војници ќе им овозможат на авганистанските сили да се борат поефективно. Сепак, тој додаде дека наредбите за распоредување не се комплетни и дека воените лидери сѐ уште ги идентификуваат дополнителните војници кои ќе бидат вклучени како дел од распоредувањето. Засега не се открива колку војници ќе бидат додадени во американскиот контингент во Авганистан, иако официјални лица посочија дека ќе бидат околу 4.000. Пентагон неодамна ја зголеми проценката за бројот на американски војници кои веќе служат во Авганистан, на околу 11.000 војници.