Путин предупредува на конфликт поради ситуацијата со Северна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати предупредување дека Корејскиот полуостров е на прагот на голем конфликт поради тензичниот спор меѓу САД и Северна Кореја, откако Пјонгјанг лансираше ракета над Јапонија, минатата недела.

Во текст објавен на веб страната на Кремљ, Путин повика на преговори посочувајќи дека кризата може да се реши само преку директен дијалог меѓу сите засегани страни, без предуслови. Провокации, притисок и воинствена, офанзивна реторика е пат кој не води никаде, е наведено во текстот.