Тачи апелира за брзо формирање на Влада во Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи за првпат јавно ги повика политичките претставници што побрзо да формираат институции со цел да се утврди платформата за дијалог со Србија. Тачи на ден пред посетата на Брисел на повик на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини во авторски текст за косовски медиуми апелира што побрзо да се формира Парламентот и Владата на Косово по вонредните парламентарни избори на 11 јуни.

Според него, секое натамошно одложување со себе носи повеќекратни последици. Тој исто така наведува дека утре во Брисел ќе разговара со Могерини и претседателот на Србија, Александар Вучиќ за идејата да се постигне напредок во процесот на дијалог.