Габриел: Русија и Западот треба да избегнато „ново ледена доба“

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел и неговиот американски колега Рекс Тилерсон, Вашингтон, 29.08.2017.

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел изјави дека Вашингтон и европските партнери би требало да обезбедат дека новите американски санкции врз Русија нема да водат до „нова ледена доба“, меѓу Москва и Западот. Тој ова го рече по средбата во Вашингтон со неговиот американски колега Рекс Тилерсон. Габриел притоа ја повторил европската загриженост за можните странични ефекти од новата легислатива за дополнителни санкции врз Русија која беше усвоена во Конгресот и потпишана од претседателот Доналд Трамп.