Курдската работничка партија контролира 80 отсто од наркопазарот во Европа

Курдската работничка партија контролира 80 проценти од нарко пазарот во Европа, се наведува во извештајот на турската полиција, додавајќи дека таа годишно заработува по 1,5 милијарди долари само од производство на хероин во северниот дел на Ирак. Во текстот се додава дека Турција е меѓу земјите кои се директно засегнати од наркомрежата на оваа партија поради нејзината географска положба и младото население, но и затоа што е користена од групата како транзитна држава. Хероинот, кој се произведува во Азија, се транспортира на Запад, а синтетичката дрога, произведена во Европа, се пренесува преку Турција во арапските земји, се нагласува во полицискиот извештај.Трговијата со дрога е еден од главните извори за приходи на Курдската работничка партија. Групата, која води вооружени борби против турската држава од 1984 година, е прогласена за терористичка организација од страна на Анкара, ЕУ и САД.