Жесток отпор на џихадистите во Ирак

Екстремистите на Исламска Држава и пружаат жесток отпор на ирачката војска во областа пред градот Тал Афар, едно од последните упоришта на џихадистите во Ирак. Ирачката војска соопшти дека денеска извела серија воздушни и артилериски напади врз позициите на екстремистите оддалечени 10 километри северозападно од Тал Афар. Властите во Багдад во неделата соопштија дека ирачката војска во потполност го ослободила градот Тел Афар од екстремистите на Исламската Држава. Градот беше заземен од џихадистите во јуни 2014 година. Тој е оддалечен околу 150 километри од сириската граница и се наоѓа покрај главниот пат кој Исламска Држава го користи за снабдување.