Јункер со критика до Турција дека се оддалечува од ЕУ

Петседателот на ЕК, Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска дека Турција се оддалечува со гигантски чекори од Европската унија. Тој во Брисел истакна дека ЕУ е сериозно загрижена во врска со човековите права и владеењето на правото во Турција.Тој исто така оцени и дека на ЕУ и се потребни подобри односи со Русија.