Новиот руски амбасадор во САД се сретна со американскиот претставник во Москва

Архивска фотографија-новиот руски амбасадор во САД Анатоли Антонов

Новоименуваниот руски амбасадор во Соединетите Американски Држави се сретна со амбасадорот на САД во Русија кој е во заминување за да дискутираат за односите меѓу двете земји, соопшти руското министерство за надворешни работи. Анатоли Антонов и Џон Тефт исто така размениле мислења за „бројни меѓународни проблеми“, наведува денеска министерството.

Состанокот во Москва доаѓа една недела откако Кремљ ја објави одлуката на претседателот Владимир Путин за назначувањето на Антонов, долгогодишен дипломат кој е под санкции на Европската унија поради неговата улога во мешањето на Москва во Украина. Односите меѓу Москва и Вашингтон се сериозно затегнати поради руската агресија во Украина и наводното мешање во американските претседателски избори во 2016 година.62-годишниот Антонов досега работел во министерствата за надворешни работи и за одбрана. Тој доаѓа на местото на Сергеј Кислијак, чии контакти со претставници на тимот на претседателот на САД Доналд Трамп за време на кампањата во 2016 година и транзицијата на власта по неговата победа, се предмет на истрага на американски органи за наводното мешање на Москва во изборите. И Трамп и Москва ги негираа обвинувањата.

Американскиот амбасадор во Русија Тефт, пак, се очекува да ја напушти земјата до крајот на годинава, откако Трамп го номинираше поранешниот амбасадор на САД во Кина Џон Хантсмaн за таа позиција.