Ирак-осум загинати во експлозија на автомобил бомба

Ирак-безбедносните сили го расчистуваат местото на нападот,28.08.2017

Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 25 се повредени во експлозија на автомобил бомба на пазар во шиитски кварт во Багдад, соопштија властите. Како што наведоа експлозијата се случила денеска во областа Садр сити во главниот ирачки град. Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста преку соопштение објавено на агенцијата Амак. Меѓу жртвите има и припадници на ирачките безбедносни сили.Се уште не се знае дали бомбаш самоубиец го управувал возилото или тоа бил паркирано во близина на пазарот по што бил детониран екплозивот. Нападот доаѓа во период во кој ирачките сили поддржани од САД се во последната фаза на преземањето на северниот град Тал Афар од борците на Исламска држава.