Тилерсон - САД ќе продолжи со мирен притисок кон Северна Кореја

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека лансирањето на три балистички ракети од страна на Северна Кореја оваа недела, е провокативен акт, но дека Вашингтон ќе продолжи да бара .

Тилерсон вели дека ќе продолжат со нивната кампања со мирен притисок, работејќи со сојузниците и со Кина за, како што рече, да видат дали можат да го донесат режимот на Пјонгјанг на преговарачка маса.

Северна Кореја на 26 август лансираше три проектили со краток дострел во источниот дел на Јапонското Море.