Починато дете, напад врз полицајци и разбојништво

Македонска полиција, МВР.

Починато двегодишно дете било донесено синоќа околу полноќ во Медицинскиот центар Охрид, соопштува денеска МВР во полицискиот билтен, наведувајќи оти телото на детето е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

МВР исто така соопштува дека вчера вечер две маскирани лица физички нападнале и ограбиле 75-годишна жена (Р.А.) во нејзината куќа во кичевското село Мамудовци. Разбојниците ја испрскале жената со спреј солзавец и потоа и одземале 63 златни пари (даблони), 360 швајцарски франци и друг златен накит во вредност од околу 30 илјади евра.

На патот за арачиново вчера вечер биле нападнати и полицајци. Прво во скопското село Кадино полицајци од Петровец се обиделе да сопрат комбе натоварено со огревни дрва. 24-гоишнен возач (Г.М.) не застанал на знакот на полицијата, а 15 минути подоцна на патот за Арачиново бил сопрен при што се обидел да удри во возилото на полицијата и да ги прегази полицајците. На местото дошле уште три лица од автомобил „Голф“, се упатиле кон полицијата која испукала еден куршум во воздух заради заплашување. Лицата избегале, но потоа биле пронајдени и предадени во станица во Гази Баба.

Синоќа во Скопје се случил уште еден напад врз полиција. Двајца полицајци биле нападнати од мајка и ќерка навозраст од 65 и 42 години, откако пред амбасадата на Босна и Херцеговина службениците им укажеле дека се паркирани на забрането место. Жените започнале вербална расправија, а потоа и физички ги нападнале полицајците нанесувајќи им телесни повредни.