Втора жртва од ураганот Харви кој ослабна во тропска бура

САД - уништени куќи во градот Рокпорт од ураганот Харви. 26.08.2017

Втор смртен случај е пријавен во најсилната бура што го погоди крајбрежниот појас на САД по повеќе од половина век, при што во текот на следните денови се очекуваат уште повеќе силни дождови и „катастрофални“ поплави.

Ураганот Харви, кој ја погоди државата Тексас како четврта категорија ураган, што е второ насилно ниво во системот на категории, со ветер до 208 километри на час на 25 август, а на 26 август ослабна во тропска бура.

Тоа помогна во спасувачките напори, но голема штета веќе беше забележана и властите предупредија за поголема опасност откако бурата удри во делови од Тексас кој е центар на нафтената индустрија на САД.

Еден човек загина во пожар во куќата откако Харви го погоди брегот, изјави градоначалникот на крајбрежниот град Рокпорт. Вториот смртен случај беше забележан кога жена загинала додека возела по полавените улици на Хјустон, соопшти полицијата.

Рокпорт е град со 24.500 жители и беше директно погоден од Харви. Последната бура од четврта категорија што ги погоди САД беше ураганот Чарли кој ја погоди Флорида во 2004 година. Харви е насилна бура што го погоди Тексас од 1961 година.