Мекалистер-затегнувањето на односите меѓу Скопје и Белград не изненади

Белград- Дејвид Мекалистер член на Европскиот парламент, 25.08.2017

Затегнувањето на односите меѓу Македонија и Србија не изненади, но не радува тоа што двете земји преку дипломатски пат дојдоа до излез, вели претседателот на надворешно политичката комисија на Европскиот парламент и известувач за Србија Дејвид Мекалистер. Европскиот политичар кој престојува во Белград, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ разговарале за „контроверзиите“ меѓу Србија и Македонија и дека му било речено дека конфликтот е решен.

„Не можам да ви кажам детали за кои разговаравме затоа што водевме доверлив разговор. Очигледно е дека Србија беше разочарана од одредени акции кои Македонија ги презела против српски дипломати. Мислам дека сега се разјасни ситуацијата, дека двете страни го сменија мислењето за тоа прашање и се надевам дека нема да видиме повторно вакви чекори или нешто слично на ова да се случи повторно“ вели Мекалистер.

Тој додава дека Европската унија сака добри односи меѓу соседите во овој дел од Европа, а дека за нив „можеби било изненадувачки што се појавил овој проблем меѓу Србија и Македонија кои досега воопшто немале полно спорови“ .