Расте бројката на жртви од автобуската несреќа кај Крим

Автобусот со кој се превезувале градежните работници и кој падал во морето во близина на Крим.

Руските власти соопштија дека најмалку 18 луѓе загинале, а 30 биле хоспитализирани откако автобус кој превезувал градежни работници паднал во морето во близина на Крим. Се уште не се знае причината за несреќата, при што некои од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Министерството за вонредни работи соопшти дека автобусот и припаѓал на компанија која работела на пристаништето во Волна, село кое се наоѓа на полуостровот Таман. Русија прави мост кој ќе го поврзува Крим со Таман.