Денеска во Ниш средба меѓу Димитров и Дачиќ

шефот на македонската дипломатија Никола Димитров

Министерството за надворешни работи на Македонија соопшти дека денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе има средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Ниш. Средбата е закажана за 15 часот, а по нејзиното завршување е предвидена заедничка прес конференција на двајцата министри. До средбата доаѓа по постигнувањето договор од пет точки меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со случајот со повлекувањето на персоналот од српската амбасада во Македонија.