Вардар избори пласман во Лига Европа по втората победа над Фенербахче

Никола Глигоров го постигна вториот гол за Вардар во 90 минута

Историски успех постигнаа фудбалерите на Вардар откако вечерва успеаја да изборат пласман во групите од Лига Европа.

Во реванш баражот вечерва на „Шукру Сарачоглу“ стадионот во Истанбул Вардар го победи турскиот тим Фенербахче со 2:1, откако претходно во Скопје со совлада со 2:0, и со вкупни 4:1 избори место меѓу 48 екипи што ќе играат во групите од Лига Европа.

Головите за Вардар ги постигнаа Џамбул Џигаури во 68 минута и Никола Глигоров во 90 минута, додека стрелец за Фенербахче беше Роман Нојштадер во 61 минута.