Американски генерал тврди дека ќе успее стратегијата за Авганистан

Американскиот воен командант во Авганистан, генералот Џон Николсон.

Американскиот воен командант во Авганистан, генералот Џон Николсон изјави денеска дека новата стратегија на САД ја покажува посветеноста на земјата за стабилен Авагнистан. Тој порача дека нема да доживеат неуспех во Авганистан и дека националната безбедност на САД зависи од исходот.

Николсон ги повика талибанците да се согласат на мировни преговори, посочувајќи дека тие не можат да победат на бојното поле. Тој исто така вети дека ќе ги гонат сите приврзаници на милитантната група Исламска држава во Авганистан.