Катар ги обнови дипломатските односи со Иран

Мапа и знамето на Катар.

Катар ги обнови дипломатските односи со Иран, притоа одбивајќи ги барањата на Саудиска Арабија и нејзините сојузници земјата да ги прекине врските со Техеран. Катарското министерство за надворешни работи соопшти дека амбасадорот на земјата ќе се врати во Техеран. Амбасадорот беше повлечен пред 20 месеци по егзекуцијата на проминентен шиитски свештеник која предизвика напади врз две дипломатски претставништва на Саудиска Арабија во Иран.