Времето денеска: сончево со слаб ветер

Во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7. Утрото ќе биде свежо со минимални температури од 4 до 14, а преку денот температурата ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 31 степен.