Путин се сретна со државниот секретар на Ватикан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин во руското одморалиште Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин во руското одморалиште Сочи. Руските новински агенции објавија дека Путин изразил задоволство од односите меѓу Руската православна црква и Ватикан. Паролин вчера се сретна со поглаварот на РПЦ, патријархот Кирил, како и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.