Таџикистан со закон за поддршка на традиционалната облека

Пратеници во таџикистанскиот Парламент.

Таџикистанските пратеници го усвоија законот со кој се обврзуваат личности и организации да се држат до традиционалната и националната облека и култура, при што на чекорот се гледа како обид да се обесхрабрат луѓето од носење на хиџаб и исламска облека.

Според законодавците, главната цел на законот е да се поддржи владината програма за промоција на таџикистанската култура, вредности и облека во доминантно муслиманската земја. Некои законодавци најавија и друг закон со кој би имало казни за оние кои преферираат исламски стил на облакање пред традиционалниот начин.