Нетанјаху со предупредување до Путин за опасноста од Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека зголеменото присуство на Иран во Сирија претставува закана за неговата земја, Блискиот Исток и целиот свет. Тој порача дека заедничките напори во борбата против милитантната група Исламска држава се многу важни, но кога таа ќе биде поразена на нејзино место ќе дојде Иран.

Нетанјаху по средбата со Путин во Сочи истакнал и дека не може да заборават оти Иран се заканува секој ден дека ќе го уништи Израел и вооружува терористички организации и го поддржува тероризмот. Според него, Иран веќе е на пат да воспостави контрола врз Ирак и Јемен.