Заев очекува со Вучиќ да ги решат недоразбирањата

Премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев во изјава за српски „Блиц“ повтори дека Владата никогаш ниту имала намера, ниту дала упатства за вршење какви било разузнавачки активности против соседните земји, вклучувајќи ја и Србија. Пред најавениот денешен телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, Заев вели дека Владата е силно посветена на изградбата на добрососедски односи со Србија.

Тој изрази надеж дека со Вучиќ денеска ќе ги решат сите евентуални недоразбирања. Според него, единствен конструктивен пристап за надминување на проблемите е отворен директен дијалог за сите прашања и изнаоѓање заемно корисни решенија.