Ерменија решена да го потпише договорот со ЕУ

Ерменскиот премиер Карен Карпетијан

Ерменскиот премиер Карен Карпетијан изјави денеска дека неговата влада останува одлучна во намерата за потпишување на договорот за партнерство со ЕУ. Договорот за сеопфатно и засилено партнерство беше финализиран од страна на претставниците на Ерменија и на ЕУ во Ереван во март. Се очекува договорот да биде потпишан на самитот на ЕУ во Брисел во ноември.

Договорот е помалку амбициозна алтернатива на договорот за асоцијација и стабилизација за кој земјата преговараше со ЕУ во 2013 година. Ерменскиот претседател Серж Саркисјан неандејно се откажа од договорот во септември, 2013 година по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на земјата.