Курц загрижен поради влијанието на Турција врз Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц

изрази загриженост поради зголеменото влијание на муслиманските земји, особено Турција и Саудиска арабија врз државите од Западен Балкан. „Во Сараево или Приштина, на пример, на жените им плаќаат да излегуваат на улица покриени, со цел да ја променат сликата за градот“, изјави австрискиот министер за надворешни работи во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“. Поради тоа, шефот на австриската дипломатија посочи дека треба да се забрза процесот за пристапување кон ЕУ, со цел Турција и другите сили да се држат „под контрола“.