Волкер на средба со руски претставници за Украина

Курт Волкер.

Новиот специјален претставник на САД за Украина, Курт Волкер се очекува денеска да оствари средба со претставници на руските власти во главниот град на Белорусија, Минск. Разговорите во Минск се дел од тридневните напори на американската дипломатија во решавањето на конфликтот меѓу украинските владини сили и проруските бунтовници во источна Украина. Волкер од Минск ќе отпатува за главниот град на Литванија, Вилниус каде ќе оствари средби со цел остварување напредок во конфликтот во источна Украина.