Путин сака да го намали влијанието на државата во медиумите

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сака да го намали влијанието на државата во медиумите и на интернетот. „Ако самото општество воспостави систем на морални филтери, би било праведно да се намали па дури и да се исклучи влијанието на државата во тој процес“, изјави Путин на форумот со млади Руси на црноморскиот полустров Крим. Руската опозиција ја критикува се поголемата државна контрола врз медиумите. Руските странски компании кои имаат сајтови достапни во Русија мораат од 1 јануари годинава да собираат податоци за своите корисници на интеренет и да им ги достават на руските власти ако го побараат тоа.