Брод на американската војска се судри со танкер кај Сингапур

Бродот „Џон Мекејн“

Најмалку 10 морнари се водат за исчезнати, додека петмина други биле ранети откако американски воен брод се судрил со танкер за нафта источно од Сингпур. Бродот „Џон Мекејн“ е дел од Седмата флота на американската армија стационирана во Јапонија. Ова е втор ваков инцидент во оваа флота во изминативе два месеца. На 17 јуни седум морнари загинаа кога бродот „Фицџералд“ се судри со товарен брод во близина на Јапонија.